СЗО загрижена од ширењето на коронавирусот уште пред сезоната на зимскиот грип

Светската здравствена организација денеска предупреди дека Ковид-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот, со загрижувачка брзина се шири во некои делови од северната хемисфера, на неколку месеци од почетокот на сезоната на зимски грип.

-Во некои земји почнавме де забележуваме загрижувачки трендови, изјави Марија Ван Керхов, технички директор на СЗО за Ковид-19, во текот на емитување на социјалните мрежи.

-Гледаме зголемување на бројот на пациенти на одделите за интензивна нега во болниците, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови од САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип сè уште не е почната”, додаде Ван Керхов.

Ван Керхов изјави дека во неколку земји е зголемен бројот на  пациенти на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега