СЗО за вонредната состојба: „Сите држави да се подготват и да преземат мерки против ширење на коронавирусот“

Светската здравствена организација СЗО им препорача на сите држави да се подготват за понатамошно ширење на коронавирусот и да ги преземат сите мерки на претпазливост, соопштено е после состанокот на Меѓународната комисија за вонредни ситуации.

Комисијата која пружа совети за јавно здравје и предлага привремени препораки, се состанала на 22. и 23. јануари во врска со избивањето на новиот вирус во Кина и неговото ширење во Јужна Кореја, Јапонија, Тајланд и Сингапур.

Се очекува дека нови случаи може да се појават во било која земја, па сите земји треба да се подготвени за активно надгледување на движењето на луѓето, рано откривање на заболените и нивна изолација, следење и спречување на шиерење инфекции, како и делење на податоци со СЗО.

Врз основа на информациите добиени од кинеските власти, се наведува дека 25 отсто од потврдените случаи се водат како сериозни, а дека изворот на зараза се уште е непознат иако се претпоставува дека е од животинско потекло.

Членовите на комисијата се сложиле дека ситуацијата е итна и дека повторно треба да се сретнат после неколку дена за да се испита ситуацијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега