СЗО: Виетнамската варијанта не е нов хибрид на коронавирусот

Варијантата на коронавирусот, за којашто виетнамските власти тврдат дека е комбинација од индиски и британски видови, не е нов хибрид, туку дел од постојниот индиски вид, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам.

„Во моментов нема нова хибридна варијанта во Виетнам заснована на дефиницијата на СЗО“, изјави претставникот на СЗО, Кидонг Парк, во интервју за весникот „Никеи“.

Тој додаде дека оваа варијанта на коронавирусот е дел од варијацијата што потекнува од Индија.

Макфакс

03.06.2021 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа