СЗО препорачува: Маски да се носат и по дома

Луѓето би требало да ги носат маските дома за да спречат ширење на коронавирусот кога им доаѓаат надворешни посетители и не можат да одржуваат социјална дистанца, препорача Светската здравствена организација.

 

Додатно, маските би требале да се носат во домовите за време на посета ако не сте сигурни дали просторијата била добро изветреана, според новите упатства кои денеска се објавени во Женева.

СЗО претходно се залагаше за носење на маски во просториите каде има гужва.

Здравствената организација на ОН сега исто така препорачува поширока употреба на маските во здравствените институции.

Персоналот и останатите вработени кои не се вклучени во болничката нега се ставени на листата на луѓе кои би требало постојано да ги прекриваат носот и устата.

Пациентите исто така би требало да ги носат маските во ситуација кога доаѓаат во близок контакт со други лица.

СЗО повтори дека маските често знаат да им дадат на луѓето погрешно чувство на безбедност и заради тоа имаат навика да ги забораваат другите клучни превентивни мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега