СЗО: Пандемија не е ниту блиску до крајот

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус,  денеска рече дека пандимијата од коронавирус не е ни блиску до крајот и нема скоро да заврши.

-Ова не е ни блиску до крајот, рече тој на прес конференција за медиумите во Женева.

-Иако бројни земји напредуваа ширум светот, пандемијата всушност се шири се побрзо. Сите сме заедно во ова и на долги патеки. Веќе изгубиве многу, но не смееме да губиме надеж, рече тој.

Тедрос рече и дека денеска се навршуваат, шест месеци откако СЗО ги прими првите информации за воспалението на белите дробови кое дошло од непознати причини. Подоцна се покажало дека се работи за коронавирус.

-Овој ден кога се навршуваат шест месеци од првата пријава за вирусот се поклопува со 10 милиони случаи и 500.000 смртни случаи, додаде тој.

Рече и дека сме во момент кога треба да размислиме за напредокот кој го постигнавме и лекциите кои ги научивме дека треба да се посветиме на тоа да направиме се да ги спасиме животите.

-Пред шест месеци никој не можеше ниту да замисли дека светот и животот ќе ни изгледа вака, заклучи тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега