СЗО: Охрабрува падот на бројот на новозаразени со коронавирусот во Кина

Охрабрувачки е континуираниот пад на бројот на нови случаи за заболени од коронавирус во Кина, соопшти денеска Светската здравствена организација, но прерано е да се знае дали овој тренд ќе продолжи.

 

-Не охрабрува овој тренд, но не е време за самозадоволство, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева, пренесоа британските медиуми.

Тој, исто така, забележа дека бројот на случаи на коорнавирус во остатокот од светот е многу низок во споредба со Кина, но, додаде, дека тоа можеби и нема долго да остане така.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега