СЗО: Не ги укинувајте прерано мерките

Светската здравствена организација нема препорака за земјите и регионите за олеснување на мерките поради забавувањето на ширењето на коронавирусот, но побара од нив да не ги укинат прерано, изјави денеска портпаролот на таа организација.

Тој рече дека тоа е едно од најважните упатства.

-Едно од најважните упатства е да не се откаже од мерките прерано, за да не се случи зголемување на заразените. Тоа е слично како и самите да се разболите и ако станете прерано од кревет и прерано одите на трчање, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации, рече портпаролот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега