СЗО: Лоша идеја е сите рестрикции да се укинат истовремено

Претставник на Светската здравствена организација денеска истакна дека државите кои планираат да ги прекинат мерките за изолација тоа треба да го направат постепено.

Препорача тоа да се прави во фази, да не се укинат сите рестрикции истовремено.

Директорот на СЗо за вонредни ситуации, Мајк Рајан истакан дека мерките за изолација воведени во многу земји опфаќаат затворање на училиштата, работните места, социјални собири на јавни места и собирање во паркови.

-Веројатно би било лоша идеја да се укинат сите рестрикции истовремено, рече Рајан.

Вели дека државите не треба да излезат од изолација ако претходно немаат план како ќе го задржат ширењето на болеста Ковид-19 на ниво кои може да го контролираат.

-Изолацијата го намалување ширењето на болеста. Кога изолацијата ќе се укине, мора да имате алтернативни методи за запирање на инфекцијата, рече Рајан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега