СЗО контра ЕУ: Не воведувајте обврска за доказ за вакцинирање или имунитет при патување

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денес ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

 

Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидиер Хосин, во време кога бројот на зпочинати од Ковид-19 се приближува на два милиони.

Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата.

„Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапни “, препорача комитетот на СЗО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега