СЗО ја предупредува Европа: Време е за подготовки, а не за славење, постои можност за втор бран на корона!

СЗО ја предупреди Европа за втор бран на коронавирусот. Според СЗО, европските земји би требало да се подготват за вториот смртоносен бран на инфекцијата коронавирус.

„Сега е време за подготовки, а не за славење“, изјавил денеска директорот на СЗО, Ханс Клуге, за британскиот магазин „Телеграф“. Реагирал на ублажувањето на мерките против пандемијата во неколку земји.

Регионалниот директор на СЗО изразил посебна загриженост поради можноста за 'двоен бран на инфекцијата'.

„Во тој случај, би можеле да имаме втор бран на Ковид-19 и сезонски грип или сипаници. Многу деца не се вакцинирани против сипаници“, предупредил Клуге и додал дека 'европските земји треба да го искористат времето за зајакнување на нивниот здравствен систем', во што го вклучува и проширувањето на болничкиот капацитет.

Бројот на случаи заразени од коронавирус се намалил во Велика Британија, Франција и Италија, но, според Клуге, тоа не значи дека пандемијата се приближува кон крајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега