СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“ за итна употреба

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека кинеската вакцина „Синофарм“ против Ковид-19 е одобрена за итна употреба, пренесува АП, наведувајќи дека ова отвора пат за милиони дози да стигнат до најсиромашните земји.

Одобрението за итни случаи е специјално овластување за употреба на одредено медицинско помагало, кое се издава во итни ситуации, за време на итни случаи во јавното здравство, со цел тој медицински препарат да биде достапен што е можно побрзо за луѓето на кои им е потребно.

Една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина за коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува Ројтерс.

Одлуката на советничката група на СЗО отвора можност вакцината „Синофарм“ да биде вклучена во програмата „Ковакс“, која е поддржана од Обединетите нации, во следните недели или месеци, како и да се дистрибуира преку УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на СЗО во Америка, додава АП.

„Попладнево, СЗО ја стави вакцината на Пекинг против Ковид-19 на списокот за итна употреба, со што стана шеста вакцина што доби валидација на СЗО за безбедност, ефикасност и квалитет“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус. „Ова го проширува списокот на вакцини што „Ковакс“ може да ги купи и ова им дава доверба на државите да го забрзаат одобрувањето од нивните регулаторни тела и да ја увезат и да ја дадат вакцината на нивните граѓани“, додаде тој.

СЗО веќе ги одобри вакцините на „Фајзер / Бионтек“, на „Астра зенека“, како и нејзината верзија произведена во Институтот во Индија, на „Џонсон и Џонсон“, додека на „Модерна“ доби одобрение пред само шест дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега