СЗО има порака: Карантин

Европа и Северна Америка би требало да го следат примерот на азиските држави во доследно истрајување против анти-ковид мерките. Но и примерот за ставање во карантин на секој кој ќе дојде во контакт со заразено лице, изјави денеска експертот на Светската здравствена организација, Мајк Рајан.

Европскиот регион на СЗО кој ја вклучува и Русија бележи околу 8.500 смртни случаи во измината недела, а половина од земјите забележале раст на бројот на случаи за 50 отсто, рече Рајан, пренесува Ројтерс.

Според него, Во последните месеци наспроти тоа властите во Австралија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја го намалија ширењето откривајќи случаи, изолирање и ставање на контактите во карантин.

Рајан вели дека жителите на тие земји покажале повисоко ниво на доверба во своите влади.

-Со други зборови, ја истрчаа целта и продолжија да трчаат зашто знаеја дека трката не е готова и таа линија била лажна, рече Рајан додавајќи дека премногу земји поставиле замислена завршна линија, а по неа го намалиле ангажманот за спречување на ширењето на вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега