СЗО го подигна ризикот од коронавирусот на „многу високо ниво“: Не патувајте ако имате температура

Светската здравствена организација го подигна денеска нивото на опасност од коронавирусот од „високо“ на „многу високо“ ниво.

СЗО ги повика луѓето воопшто да не патуваат доколку имаат температура или кашлаат, а генералниот директор на СЗО, Тедрос Абаном Гебрејсус појасни дека „многу високо“ е највисокото ниво на проценка на ризик.

-Нашите епидемиолози непрестано ја следат ситуацијата. Сега ја зголемивме нашата проценка за ризикот од ширење и ризикот од последиците од Ковид-19 на многу високо на глобално ниво, рече Гебрејсус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега