СЗО: Блокадите во Италија би требало да ја стабилизираат епидемијата на коронавирусот

Блокадите и строгите мерки спроведени во Италија во текот на изминатите две недели треба да ја стабилизираат епидемијата на коронавирусот, но ќе биде потребно внимателно следење. Тоа го изјави денеска извршниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан.

– Се надеваме дека Италија и Шпанија се речиси на тоа ниво, но вирусот нема да се повлече сам по себе, тој треба да се намали преку јавни здравствени напори, рече Рајан на прес-конференција.

Говорејќи за Италија, тој рече дека треба да се види стабилизација.

-Случаите што ги гледаме денес се одраз на изложеност од пред две недели, истакна Рајан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега