СЗО бара од производителите на вакцини да донираат половина за сиромашните земји


Светската здравствена организација (СЗО) побара од производителите на вакцини против коронавирус да донираат половина кои ќе ги произведат оваа година во програмата Ковакс.

Преку механизмот Ковакс вакцините се доставуваат бесплатно до сиромашните земји и се прават напори да се обезбеди еднаква распределба на вакцините меѓу оние кои не можат да ги платат, но механизмот не успева да работи со максимална сила.

Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика сите производители да му дадат приоритет на Ковакс за нови количества вакцини или да се обврзат да му дадат на располагање на Ковакс 50 отсто од нивното производство годинава.

Рече дека нееднаквата вакцинација претставува закана за сите земји, не само за оние кои имаат недостаток на вакцини.

„Нееднаквата распределба на вакцините овозможува вирусот да продолжи да се шири и го зголемува ризикот од појава на мутации кои ги прават вакцините помалку ефикасни“, истакна Гебрејесус.

До 4 јуни, Ковакс испорача 80 милиони дози вакцини во 129 земји и територии, што е значително помалку од очекуваното.

Макфакс

07.06.2021 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега