Светската здравствена организација (СЗО) упати итен апел за обезбедување една милијарда долари за справување со здравствените итни случаи во текот на оваа година. Чиквез Ихеквезу од СЗО на прес-конференција во Женева призна дека овогодинешниот апел е помал од минатогодишниот, бидејќи финансирањето од светските донатори драстично опаѓа.

„Се фокусираме само на оние на кои им е најпотребно и каде што можеме да спасиме најмногу животи“, изјави Ихеквезу. Парите се наменети за 36 критични зони, меѓу кои најприоритетни се Газа, Судан и Украина. Од организацијата изразуваат длабока загриженост дека со овие средства нема да можат да ги покријат сите потреби на терен.

Exit mobile version