Свршеницата на Роналдо имала бурно минато: Татко и бил дилер и затвореник, имала и тешко детство, а тогаш пристигнал тој

Герогина за прв пат зборуваше за свото бурно минато.

 Вереницата на Кристијано Роналдо зборуваше за нејзиниот татко, осуден дилер, сиромаштијата, напорната работа и како таа не била задоволна од физичкиот изглед во нејзината младост.

"Работев многу за да ги остварам своите соништа и сите мислат дека сум богата од раѓање. Работев на себе и напредував како и повеќето луѓе", рече Горгина.

Родена е во шпанскиот град Хуеска, а израснала во мала куќа со големо семејство. Герогина не крие дека нејзиниот татко е осуден криминалец, кој поминал десет години во затвор за трговија со дрога.

Свршеницата на Роналдо сега важи за една од најатрактивните жени во светот, а таа признава дека порано била грда девојка.

"Никој не веруваше дека ќе прераснам во ваква убавица, сега луѓето му завидуваат на Кристијано и на мене. Зависта е чувство што ги уништува луѓето затоа што ги исполнува со омраза и горчина", вели таа.

Денес, волшебната бринета има семејство со познатиот фудбалер, а го запознала работејќи во бутик.

"Многумина не ме сакаат мене или мојот хКристијано. Тоа влијаеше на мене некое време, а потоа сфатив дека што и да направам ќе ме критикуваат. Затоа повеќе не ме интересираат туѓи мислења, се грижам само за среќата на луѓето што ги сакам и кои ме сакаат". , заклучува Георгина.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Que afortunada me siento

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Aug 18, 2020 at 11:50am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа