СВР Тетово со потсетување: За брзо возење се одзема возачката дозвола

 

Брзото возење освен што е причина за опасност по животот на возачите и сопатниците како и другите учесници во сообраќајот, може да значи и одземање на возачката дозвола, потсетуваат од тетовската полиција.  Автопатот Гостивар-Тетово-Скопје е местото каде најчесто службениците на полициската станица за безбедност на сообраќајот утврдуваат големо надминување на брзината со која се управуваат возилата. 

Од СВР Тетово велат дека деновиве на тетовското подрачје континуирано се реализираат контроли за брзина, а сите прекршители законски се санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци.

-Паричните глоби за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Оние кои ќе ја пречекорат максимално дозволената брзина за 30, односно 50 километри на час, во населено место или на отворен пат, ќе се соочат и со заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според портпаролот периодов, исто така, ќе бидат засилени контролите и во тетовскиот јавен превоз, при што ќе се санкционираат сите возила кои немаат лиценци, како и оние кои превезуваат поголем број патници од предвидениот со најновата владина одлука за ограничување на капацитетот на 50 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега