СВР Тетово напиша многу казни само за шест часа - Дали граѓаните ќе имаат пари да ги платат?

Денеска (25.11.2021) од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 106 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина (ТЕ-76 и ГВ-30) надвор од населено место, претежно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Од нив 13 возачи (ТЕ-5 и ГВ-8) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 58 возачи (ТЕ-36 и ГВ-22) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното, информираат надлежните од МВР.

 

Покрај ова, санкционирани се и 60 возачи (ТЕ-40 и ГВ-20)  што се движеле со поголема брзина од дозволената во населено место. Двајца од санкционираните (ТЕ) возеле со над 50 километри час повеќе од дозволеното, а откриени се и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-3).

25.11.2021 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега