СВР Тетово: Казнети 19 мотоциклисти - не носеле кацига

Во последната акција на полицијата по полошките сообраќајници, откриени се и санкционирани 19 лица поради неносење на заштитна опрема. Од СВР Тетово информираат дека во денешната акциска контрола вкупно биле откриени и санкционирани 23 прекршоци (на тетовското подрачје-8 и гостиварско-15).

– Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење заштитна опрема (ТЕ-5 и ГВ-14), односно кациги. Двајца мотоциклисти управувале без положен возачки испит (ТЕ-1 и ГВ-1) и 2 (ТЕ) не поседувале осигурителни полиси. При контролата, исто така, санкционирани се и пет други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-3), наведуваат од СВР Тетово.

Оттаму апелираат до мотоциклистите задолжително да носат заштитна опрема, да не седнуваат зад волан без возачки дозволи и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли.

Од СВР Тетово најавуваат дека до крајот на овој и наредниот месец се планирани засилени контролни активности на мотоциклистите во Полог, чиј број деновиве осетно е зголемен на тетовските и гостиварските улици, но и по околните регионални патишта.

18.08.2022 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа