СВР Куманово изврши увид на локации каде било запалено македонско знаме

Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата „Железничка станица“ каде биле испишани графити, било запалено македонското знаме и било поставено знаме на соседна земја, соопштија денеска од полицијата. Случајот во полицијата бил пријавен вчера, кога бил извршен и увид.

– Вчера во 16:28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект на приватна фирма во близина на железничката станица биле испишани графити и било поставено албанско знаме. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија, информираат оттаму.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

19.06.2024 - 18:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега