Своето право на глас во Македонска Каменица до 15 часот го искористиле 2.558 гласачи

 Во Македонска Каменица до 15 часот своето гласачко право го искористиле 38,84 отсто од гласачите.

Сања Митревска, претседателка на Општинската изборна комисија, информира дека гласањето тече во најдобар ред и без никакви проблеми.

 
– Во Македонска Каменица се гласа на 17 избирачки места, а со право на глас се вкупно 6.585 гласачи. Од нив до 15 часот своето право го искористиле 2.558 гласачи или 38,84 проценти од гласачите, рече Митревска.
 
Дополнително, како што додаде таа, во избирачкиот список има регистрирано пет лица кои се водат како затвореници и сместени во домови за вонсемејна грижа со што бројот на гласачи изнесува 6.590 лица.
 
Во рамки на вчерашниот ден во оваа општина гласале 72 болни и изнемоштени граѓани од вкупно пријавените 77 гласачи. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега