Светските политичари со пораки за пожарот на Хотр Дам

Голем број политичари од целиот свет се огласија поради пожарот што избувна во париската катедрала Нотр Дам.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс катедралата ја нарече „симбол на верата на луѓето од целиот свет“.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Твитер на француски јазик напиша: „’Наша дама’ припаѓа на сите Европејци“.

И премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вечерва испрати порака поради пожарот во Катедралата Нотр Дам.

– Вечерва мислиме на Париз, место на таква убавина и историја, наведе Брнабиќ на Твитер.

Пораки со поддршка испратија и градоначалниците на Мадрид и Лондон, Мануел Кармен и Садик Кан.

– Срцепарателни сцени од Катедралата Нотр Дам во пламен. Лондон денеска тагува со Париз, посочи Кан.

Поради пожарот во Катедралата Нотр Дам се огласи и првата дама на Сад, Меланија Трамп.

 

– Моето срце се кине поради Парижаните, напиша Меланија Трамп на Твитер, додавајќи оти се моли за безбедност на секого.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега