Светските лидери уште минатата година знаеле за потеклото на коронавирусот

Извештајот на американското разузнавање што се појави во медиумите во врска со потеклото на коронавирусот „крена прашина“ во светската јавност.

Во документот се наведува дека коронавирусот „избегал“ од Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан.

Кина остро ги негираше обвинувањата, а Скот Готлиб, поранешниот шеф на Администрацијата за храна и лекови, неодамна додаде дополнително гориво на огнот. Тој во изјава за медиумите рече дека еден од водечките американски епидемиолози, д-р Ентони Фаучи, не ја отфрлил хипотезата дека коронавирусот „избегал“ од лабораторијата.

Готлиб истакнува дека Фаучи ги запозна светските лидери со хипотезата за бегството на оваа инфекција од лабораторијата во Вухан минатата година, бидејќи тој беше на состанокот на Светското здравствено собрание. Потоа тој призна дека вирусот изгледал „невообичаен“, откри Готлиб, како што пренесе „Спутник“.

07.06.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега