Светските цени на храната на највисоко ниво во последните 10 години

Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред во октомври и достигнаа нов десетгодишен максимум, повторно предводени од растот на цените на житните култури и растителното масло, објави во четвртокот Агенцијата за храна на ОН.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), која ги следи меѓународните цени на прехранбените производи со кои најмногу се тргува во светот, во просек изнесувал 133,2 поени минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември.

Бројката во септември претходно била 130,0.

Октомвриското читање било највисоко за индексот од јули 2011 година. На годишна основа, индексот во октомври се зголемил за 31,3 отсто.

Цените на земјоделските производи драстично пораснаа минатата година, поттикнати од доцнењето на жетвата и високата побарувачка.

 

04.11.2021 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега