Светски рекорд: 37-годишна жена роди 10 бебиња

37-годишна жена родила десет бебиња и постави светски рекорд, подобрувајќи го претходниот на Халима Сисе која роди девет деца во Мароко во мај.

Жосиаме Ситол стана мајка на седум момчиња и три девојчиња кои се родени во болница во главниот град на Јужна Африка – Преторија.

Таа се породила со царски рез, според локалните медиуми, информирани од нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци.

– Таа беше седум месеци и седум дена бремена. Среќен сум и возбуден. Жал ми е, не можам да зборувам многу во моментов – изјави тој пред новинарите.

Жосиаме за време на бременоста за медиумите изјави дека е „шокирана и фасцинирана“ од фактот дека носи толку многу бебиња.

Првично се сметаше дека се осум, но тестовите подоцна потврдија дека биле десет бебиња.

Лекарите велат дека случајот е вистинска реткост, бидејќи не е резултат на третман со неплодност.

Бебињата ќе ги поминат следните неколку месеци во инкубатори.

Тие се со недоволна тежина и лекарите ќе се борат за своите животи.

10.06.2021 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега