Светски епидемиолог ги збуни сите - откри како може да почнеме да се поздравуваме

Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од Белгија, тврди дека гушкањето е посигурно од ракувањето. Голем дел од земјите во светот излегуваат од карантин.

На пример, Велика Британија е 11-та недела во карантин, кој полека се олабавува и луѓето едвај чекаат повторно да се сретнат со саканите луѓе. Се разбира, сите се прашуваат кој е најбезбеден начин за поздравување.

Повеќето епидемиолози и понатаму стојат позади тврдењето дека ракувањето и прегрнувањето се забранети, а бакнувањето се смета за апсолутно ризично. Меѓутоа, не се согласуваат сите со тоа.

„Не се ракувајте со луѓето, но не препорачувам ниту ракувањето да го замените со прегрнување. Тоа сочувајте го за луѓето кои ви се драги“, вели д-р Марк Ван Ранст, а неговата препорака предизвика хаос помеѓу епидемиолозите.

Џејн Греторекс, виролог од Кембриџ, на овој начин го искоментирала неговиот совет.

„Д-р Ван Ранст доволно внимателно истакна дека не препорачува секое ракување да се замени со прегрнување. Се разбира, во случај сите строго да ги почитуваат засилените мерки за хигиена и ако често ги мијат рацете, не би требало ракувањето да биде проблем, но не можеме да се потпреме на тоа. Имајте на ум дека долгото прегрнување со некој кој е асимптоматски заразен случај, носи огромен ризик, затоа не би препорачала прегрнување“, вели таа, заклучувајќи дека не препорачува ниту ракување ниту прегрнување, туку строго држење дистанца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега