Светскиот економски форум по 56-ти пат ќе биде центар на глобалната моќ. Од утре, 19 јануари, па сè до 23 јануари, швајцарскиот Давос ќе ги собере водечките луѓе од политиката и бизнисот под мотото „Во духот на дијалог“.

Меѓу учесниците ќе биде и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој претходно најави дека ќе ја претставува државата на овој престижен собир. Оваа година форумот бележи рекордно владино учество – дури 400 политички лидери, меѓу кои 65 шефови на држави и влади, ќе дебатираат за иднината на светот.

На собирот се очекуваат и шестмина лидери од Г7, заедно со 850 врвни извршни директори на најголемите светски компании и околу 100 технолошки пионери.

Exit mobile version