Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната во Тетово е надлежност на директорот и на персоналот

Планот за заштита од пожари требало да го обработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле.

Тендерот за изградба на модуларните болници во земјава, вкупно 17 во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка. Македонската Влада зеде заем од 3,8 милиони евра.

Во пожарот во тетовската модуларна болница загинаа 14 луѓе – 13 пациенти и една помлада девојка која била придружба на нејзината мајка.  Останатите 12 пациенти кои во моментот се нашле во објектот поминаа со повреди.

Неколку дена потоа оставки поднесоа министерот Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани. Оставки поднесоа и двајцата директори на болницата, Флорин Бесими и економскиот, Артан Етеми. Засега оставките остануваат во фиока бидејќи се чека што ќе покаже истрагата за причините за пожарот. 16 дена по трагедијата Јавното обвинителство сѐ уште нема објавено од што избувна страшниот пожар.

 

24.09.2021 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега