Светот збесна поради неговата себичност: По исчезнувањето на авионот на фудбалерот Роналдо објави „невкусна“ фотографија

Додека фудбалскиот свет ги исчекува информациите за исчезнатиот авион во кој леташе Емилијано Сала и неговата судбина, Кристијано Роналдо многумина разбесни со својата последна објава на социјалните мрежи.

Имено Португалецот по враќањето од судот во Мадрид каде се гони за не плаќање на данок, на својот Инстаграм и Твитер профил објави фотографија од приватниот авион и додаде емотикон со авион и палец нагоре.

 

Фотографијата сама по себе не е спорна, но во време кога фудбалскиот свет е потресен од исчезнувањето на приватниот авион во кој беше и фудбалерот Сала е спорно за многумина.

Негативните коментари само се нижеа во низа, а според многумина ова е непростлива грешка на Роналдо во моменти кога целиот свет е во исчекување на можеби најлошата вест за фудбалерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2019 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега