Свештеникот Стојчевски: Правдата е задоволена, ќе живееме мирно по сите закани

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски - Боки 13, кој е во затвор за Рекет, e осуден на казна затвор од шест месеци за нападот врз свештеникот Виктор Стојчев.

По рочиштето денеска свештеникот Виктор Стојчев кој беше истепан од таткото на Бојан Јовановски изјави дека е задоволен.

- „Правдата е задоволена. Сторителот ќе биде соодветно казнет. Мило ми е што заедно со моите најблиски ќе продолжиме со нормален живот, после сите стресови и закани“, истакна Стојчев, пренесе Фокус.

Инаку, таткото на Боки13 беше обвинет за тоа дека на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

На минатото рочиште призна и вина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега