Сведоштво на сместена во државен карантин во хотел на Попова Шапка: Купатилото е поплавено и има мравки во собите

Недезинфицирано, стари и неиспрани постелнини, мравки во собите, прашина до гуша, и поплавено купатило…ова се само дел од мизерните услови во кој бројни Македонци го живеат 14 дневниот државен карантин. Меѓу нив е Душица Милевска, која за Алфа ја раскажа голготата за нејзиното пристигнување во својата татковина  и нејзиното досегашно искуство во еден од хотелите на Попова Шапка.

Освен за лошите услови Милевска се пожали и за тоа дека во двокреветни соби се сместувале и по повеќе луѓе – што е спротивно од препораките. Таа се спротивставила и одбила да биде сместена во соба со непознати луѓе, па од надлежните таму добила одговор за подобри услови да си бара “врски” од владата.

За жал не е само Милевска, на социјалните мрежи постојано се споделуваат фотографии од лошите услови во државните карантини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега