Сведок за нападот врз Села: Граѓаните беа многу агресивни, ние се обидувавме да ги смириме

Денеска продолжи сослушувањето на сведоците за насилството врз пратеникот Зијадин Села на 27. април во Собранието минатата година. Еден од сведоците кого не успеа да го обезбеди, одбраната денеска го повлече како предлог. 

Антонио Филевски кој беше едено од лицата кои на 27. април влегоа заедно со толпата во Собрание кажа дека не го видел нападот врз Села, а на вкрстени прашања одговарал со политичко убедување, објави Алсат М.

За ова бил предупреден и од судијката.

„Го познавам Александар Јаневски – Тошта од обвинетите. Граѓаните беа многу агресивни. Тие протестираа да ја сопрат федерализацијата, поделбите и неправдите. За ова тие влегоа во Собранието, а не за тероризам. Зијадин Села не го видов во конференциската сала, а Тошта беше таму. Јас Тошта и Владимир Ѓорчев заедно се обидувавме да ги смириме граѓаните”, изјави Антонио Филевски.

 

 

 

 

17.05.2018 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа