Сведок во „Титаник“: Пепиќ ме извести дека преку посредник ќе примам барања за државјанства од Косово

Со сведочење на сведоци предложени од обвинителката Лиле Стефанова продолжи денешното рочиште за случајот „Титаник“ за изборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот сведок, Виолета Димитровска, која работела во МВР, во одделението за добивање на матични броеви и државјанства, образложи како се одвивала процедурата за добивање на државјанства, дека барањата се поднесувале лично, но посочи и дека имало случај кога процедурата била заобиколена, односно лично таа направила исклучок.

-И јас направив исклучок по известување од Мунир Пепиќ, кој работеше во истиот објек, но под Министерството за правда, дојде и ми рече дека се враќа од кај мојата началничка Надица Велевска која му кажала да примам барања од лица кои живеат во Брод и Драгаш (Косово), а кои што исполнуваат услов за државјанство, но нема да доаѓаат лично, поради лоша материјална состојба, туку имаат свој претставник кој ќе ги носи барањата, а јас да ги примам. По тоа што ми го кажа се качив кај началничката и кога ја прашав за што станува збор ми рече „што да ти кажам, што да ти речам“, рече сведокот, пренесе Фокус.

Сведокот вкрстено го испрашуваше и пратеникот Илија Димовски, кој на забелешката на судијата Осман Шабани дека поставува директни, а не вкрстени прашања, рече дека му е прв пат и ќе се поправи, па што умешно постави неколку вкрстени прашања.

Во случајот „Титаник“, обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега