Сведок на убиството на сараевскиот одбојкар: Лежеше на рацете на мајка му, со пешкири се обидуваа да го запрат крварењето

Еден од сведоците на свирепото убиство на сараевскиот одбојкар Амар Капаџиќ открил дека бил на местото на настанот само три минути по злосторството.

-Кога излегов од дома, на раскрсница видов граупа граѓани кои трчаа кон телото на Амар. Во шок викаа Брза помош и полиција. Му пријдов на убиеното момче на неколку метри. Тука беше неговата мајка. Лежеше на нејзините раце.

Луѓето носеа пешкири да го запрат крварењето, а потоа таа упорно се обидуваше да го врати при свест. Таткото беше вознемирен што Итната помош не доаѓа. Потоа дојде постариот брат на Амар, а со него и пет полициски патроли и Брза помош - рекол сведокот кој сакал да остане анонимен, за босанските медиуми.

Инаку, таткото на Амар, Кемал предава во Четвртата гимназија Илиџа. Амар бил и член на Одбојкарскиот клуб на Илиџа.

Медиумите пренесуваат дека мотив за убиството бил долг. Еден од осомничените се расправал со Амар околу парите, додека убиецот Амел Куртиќ кој подоцна извршил самоубиство, во еден момент се обидувал да ја смири ситуација.

Меѓутоа, кавгата продолжила, па Куртиќ во Амар испукал 4 куршуми.

Полицијата го пронашла автомобилот во кој се наоѓало телото на Амел Куртиќ, а во него биле пронајдени оружје и две рачни бомби. За убиството уапсени се две лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега