Сузана Манчиќ за долго чувана тајна со Лечиќ: Бевме на вечера меѓутоа ме одби

Сузана Манчиќ (64) откри дека Бранислав Лечиќ (65) наводно не сакал да биде со неа. Водителката вели дека и се допаѓал актерот, но дека тој наводно не бил заинтересиран за неа.

 Во тоа време Лечиќ беше фраер, им се допаѓаше на сите жени. Беше организирана вечера, меѓутоа тој не реагираше на мене. Можеби не бев негов тип. Ете, толку за приказните дека сум секс симбол и неодолива. Никогаш после тоа не ми се јави, го сретнував со сопругата, рекла Манчиќ.

Таа додава дека е многу изненадена од обвинувањата упатени кон Лечиќ од Даниела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ:

- Јас сум збунета! Лечиќ е свесен за себе и за своите квалитети, тој отсекогаш ги имал најубавите жени. Ма, тој нема дамка. Не верувам дека ќе силувал. Тој нема потреба да земе некого со сила. Жал ми е што тој мора да се брани од вакви ужасни обвинувања и нема сведоци кои би можеле да кажат што точно се случило - вели Манчиќ.

- Мерима се повикува на сведоци кои се починати, како што е Драган Николиќ, кога вели дека му се доверила пред 43 години.Даниела рече: „Ме силуваше мојот голем пријател“, а потоа продолжува да работи со него во театарот. Така, секој може да покаже со прст кон кој било човек и да каже: „Ме силуваше!“ И потоа оди и раскажи тажна приказна за весникот. Не ги познавам тие жени, сè е можно, но недостасуваат докази, и без докази, нема вина - вели Манчиќ и заклучува:

 

- Не сакам да застанам на ничија страна. Лечиќ беше љубезен, не даваше впечаток дека може да биде арогантен и насилен. Судот нека донесе пресуда - рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега