Сузан ја бараше цела Грција: Осомничениот за убиството е татко на две деца

На Крит е уапсен маж осомничен за убиство на американката Сузана Итон (59), молекуларен биолог која работела на познатиот институт во Дрезден во Германија.

Итон била дојдена во Грција поради деловни причини.Таму се одржаувала научна конференција, а исчезна на 2 јули, кога отишла да трча.

Шест дена подоцна нејзиното тело е најдено во бункер од Втората светска војна. Во полицискиот извештај е наведено дека сексуално злоставување бил мотивот за напад, пренесува ББЦ. телото било во таква состојба што на полицијата и се слошило.

Уапсен е локален маж (27) кој го признал нејзиното убиство, пренесуваат грчките медиуми, а осомничениот е женет и татко на две деца.

Нејзиното тело е најдено од локалн жители, на 10 километри од местото на кое е последен пат видена, а зад себе оставила сопруг и двајца синови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега