Жителите на улицата „Ванчо Мицков“ во Општина Карпош денеска од 9 часот наутро остануваат без вода.
Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот ќе трае сè додека екипите не ги завршат планираните работни активности на терен.
Причината за прекинот е изведување на нов водоводен приклучок на истата улица, поточно кај бројот 39.

