Супермагнетна бура на Земјата во наредните 10 часа - научниците откриваат како ќе влијае врз човечкото здравје

Научниците пренесуваат дека Сонцето штотуку предизвикало супермагнетна бура на Земјата, која ќе трае 10 часа. Оваа појава може негативно да влијае врз хронично болните, но и на здравите, а станува збор за најмоќната бура во последните година-две.

-Ако ја споредиме со случувањата од претходните години, ова случување е многу важно. Во последните две години ова е најголемата магнетска бура, тоа е импресивно - рекол главниот истражувач во Лабораторијата за рендгенска астрономија на Институтот за физика, Сергеј Богачев.

Како што истакнуваат експертите, оваа бура им пречи на радио-комуникациите и ќе трае 10 часа, а ќе ги оштети луѓето кои се инаку чувствителни на временски непогоди. Како причина за бурата се наведува тоа што пукнатина на Земјиното магнетно поле се отворила, овозможувајќи му на сончевиот ветер да влезе во магносферата.

Кај луѓето може да се јават следните непријатности:? Главоболка, малаксаност и треперење, зголемен крвен притисок, засилени пречки кај хриничните болесници и аритмија.

Геомагнетната бура претставува појава на нагли и пшровремени промени на магнетното поле на Земјата, предизвикани од активностите на Сонцето, како што се удари од бранови и облаци на магнетното поле на Сончевиот ветер, кои влијаатврз Земјиното магнетно поле 3 дена после Сончевата активност.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега