Регулаторната комисија за енергетика вчера, понеделник 10.08.2026, донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.

Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од денеска, од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) изнесува 91,50 денари за литар.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за по 4 денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 87 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по најмногу 89 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 поевтинува за 6 денари и чини најмногу 92,50 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 2,881 денар за килограм и изнесува 43,538 денари за килограм.

Exit mobile version