Сухој-30 вреден 50 милиони долари срушен по грешка: Го погодил друг воен авион за време на вежба (ВИДЕО)

Ловецот Сухој-30, вреден 50 милиони долари, се сруши во централна Русија, а локалните медиуми јавуваат дека тој бил по грешка соборен од друг авион за време на воените вежби.

Двајцата пилоти безбедно се катапултирале.

Западниот воен округ на Русија објави дека авионот се срушил во областа Твер, и дека пилотите биле пронајдени во „задоволителна“ состојба.

Армијата не откри многу за инцидентот, а локалните медиуми јавуваат дека најверојатно ловецот бил соборен.

Прелиминарните откритија укажуваат на тоа дека Сухој-30 по грешка бил погоден од друг авион за време на воена вежба, изјави анонимен извор од Службата за итни случаи во регионот Твер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега