Судската полиција побара повисоки плати за 15 отсто

 Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто.

Договорено е најдоцна до крајот на неделата  да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда.

Министерството, како што се додава, ќе стори се што е во негова надлежност за подобрување на  материјалната состојба на вработените во судската полиција.

20.06.2022 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа