Судир меѓу мотор „Јамаха“ и „Голф“ во Топанско поле

 

Денеска во 00.10 часот на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Серава“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од В.К.(33) од Косово и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, соопштија од МВР.

МВР информира дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Е.З.(19) од с. Блаце, скопско, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

11.08.2022 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега