Судир меѓу автобус и автомобил на патот Скопје-Велес: Возачите и тројца патници повредени

 

Пет лица се здобиле со телесни повреди при судир меѓу автомобил и автобус на патот Скопје-Велес, информира МВР.

„Вчера во 12:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје– Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот А.Р. од Струмица и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот И.Ц. од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега