Судијката во „Рекет“: Заев засега го нема во списокот на сведоци

Судијката во предметот „Рекет“, Васка Николовска-Масевска,смета дека одлуката на Рускоска да се исклучи јавноста од последното рочиште на „Рекет“  била правилна, пренесува „Локално“

На средба со новинарите, која се случува за првпат, посочи дека смета дека е правилна одлуката на Судечкиот совет, а со тоа е прифатен и предлогот на обвинителката Вилма Рускоска да биде исклучена јавноста при слушање на снимките, бидејќи по наводи од обвинителството во снимките кои се прегледувале, може да им се наруши угледот на лицата кои не се инволвирани во ова обвинение, а се споменуваат.

До сега, според судијката, поранешниот премиер Зоран Заев го нема во списокот на сведоци.

До 15 март ќе има осум рочишта со 12 сведоци и 13 на обвинетата Катица Јанева, кои се одобрени. 12 се одобрени на Јовановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега