Судијката која ја изрече пресудата за Саздо: Свирепоста не е начин да комуницираат младите

Пресудата за убиството на младиот Никола Саздовски Саздо во Ацтокоманда предизвика задоволство кај неговиот татко, а револт кај роднините на осудените кои порачаа дека нема правда во Македонија.

Таткото на Саздо истакна дека и 1.000 години казна се малку, но сепак се задоволни од пресудата од вкупно 38 години затвор за Бесир Беља и Скендер Демири, додека братот на Беља пред Судот истакна дека нема правда и дека ќе се жалат за одлуката.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска која денеска ја изрече пресудата за двајцата обвинети од по 19. години затвор, рече дека е порака за младите дека свирепоста не е начин на кој тие треба да комуницираат.

- „Неспорно е дека обвинетите го тепале Никола Саздовски и дека ударите продолжиле дури и откако тој паднал на земја. Сведок на настанот била малолетничка која ја видела цела ситуација. Настанот се случил среде бел ден пред очите на јавноста. Крвавиот чин не претставува чин на платно, ниту е театарска претстава. Тоа е реален настан. Психијатриското вештачење покажа дека обвинетите не страдале од никакво прихичко растројство, биле свесни за настанот и можеле да ја сфатат неговата тежина. Неприфатливо за судот е дека е сторено насилство, а не убиство како што одбраната се обиде да докаже. Обвинетите дејствувале заеднички и спогодбено. Отежителни околности се тоа што е одземен млад живот и одземено е основното човекото право. Олеснителни околности се тоа што обвинетите се неосудувани и изразија каење и жалење. Овде треба да испратиме порака дека сверепоста не е начин на кој младите треба да комуницираат. Родителите на двајцата обвинети загрижени доаѓаа на секое рочиште и јас сум убедена дека тие не ги учеле своите синови дека треба вака да се однесуваат. На рочиштата доаѓаа и родителите на Саздовски кои, пак, секогаш ќе имаат празнина поради смртта на нивното дете. Како што рече и таткото на Никола, за нив едно поглавје од животот засекогаш е завршено“, рече таа, пренесе МКД.МК.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза".

За настанот има уште еден обвинет кој е во бегство.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега