Судијката Кацарска ќе одлучува дали ќе им се суди на Боки 13 и Ременски за „Рекет 2“

Судијката Добрила Кацарска ќе го оценува обвинителниот акт за случајот „Рекет 2“, кој обвинителката Вилма Русковска неодамна го поднесе против обвинетите Бојан Јовановски, неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Фросина Ременски, објави „Фокус“.

 

Оценката во случајот ќе ја прави совет, на кој претседател е судијката Кацарска.

Според Законот за кривична постапка, обвинението прво оди на оцена, за да се одлучи дали воопшто ќе има судење. При оцената, судијата поединец или советот можат да одлучат да го одобрат обвинителниот акт, да го отфрлат или доколку утврдат технички грешки да го вратат назад кај обвинителот на поправка.

Доколу обвинението е одобрено, главната расправа се закажува во рок од 30 дена од приемот на обвинителниот акт, или 60 дена доколку станува збор за дела од организиран криминал. Поточно, постои можност, доколку обвинението биде оценето позитивно, судењето да започне пред изборите.

– Во периодот од 08.07.2017 година до 13.04.2018 година првообвинетиот како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување, појаснуваат од обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега