Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов. За време на распитот, на осомничениот му биле предочени прибраните докази врз кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела.

По завршувањето на сослушувањето, ценејќи ги објективните и субјективните околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор.

Дополнително, покрај барањето за куќен притвор, обвинителството предложи и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, со цел да се обезбеди присуството на осомничениот во текот на постапката.

Exit mobile version