Судиите го „ограбија“ Вардар во Тетово: Не му признаа гол од 40 метри (видео)

Спорна ситуација го одбележа првото полувреме на натпреварот меѓу Шкендија и Вардар. Гостите од Скопје бараа еден ефектен гол да биде признат, додека судиите оценија дека топката не ја минала гол-линијата, пишува „Гол.мк“

Акцијата тргна од Фелипе, а топката заврши кај Најдовски, кој испрати „бомба“ од 40 метри, која со помош на пречката, а потоа и со удар од земјата, ја остави мрежата недопрена. Но, од друг агол, јасно се гледа дека топката удира зад линијата, а потоа го напушта голот.

Како и да е, судиите не реагираа на протестите на вардарци, а коментар немаше ниту од помошниот судија од зад голот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2019 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега