Судењето за Латас се одложи - Немаше кој да пушта „бомби“

Судењето за случајот „Тотал“  во кое обвинет е Драган Павловиќ Латас се одложи бидејќи во судница немаше кој да ги пушти „бомбите“ предложени од СЈО како доказ, пренесе Фокус.

 

Во судот поради летните одмори имало само еден информатичар кој можел да ги пушта аудио разговорите, но тој бил ангажиран на притворски предмет.

Наредното рочиште е закажано за 20 септември.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега